HomeДЕНЕШНАСветНајстарата жена во светот е Русинка

Најстарата жена во светот е Русинка

Танзила Бисимбејева влезе во Гинисовата книга на рекорди во Русија како најстара личност на планетата, во однос на тоа дека таа наполнила 120 години. Бисимбејева, која живее во јужна Русија на 14 март оваа година го прославила својот 120 роденден. Во нејзината лична карта стои дека таа е родена во далечната 1896 година, што значи дека ја преживеала револуцјата од 1917 година, втората светската војна и распадот на Советскиот Сојуз.

Сега таа живее во своето родно село Исламгази со три сина, десет внуци, 24 правнуци и два праправнуци. „Мојата мајка во текот на нејзиниот живот има видено многу работи. Таа проживеа од Распутин па до Путин. Работеше цел свој живот, на поле и во бавча“, откри за новинарите нејзиниот син, Шинтас Бисимбејев.

Руските медиуми пренесуваат дека единствена личност која некогаш живеела до 120 години, а да постојат документи за тоа, е Французинката Жана Луиза Калман, која живеела 122 години, пет месеци и 14 дена. Калман починала во 1997 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com