HomeАНТИСТРЕСШтосноНајразузданиот замок на светот продаден за 100 милиони долари

Најразузданиот замок на светот продаден за 100 милиони долари

Славниот замок во Лос Анџелес, кој му припаѓа Хју Хефнер (90), основачот на списанието „Плејбој”, беше продаден за 100 милиони долари, но досегашниот сопственик ќе продолжи да живее во него до крајот на животот. Новиот сопственик на имотот е Дарон Метропулос, директор на инвестициска компанија. Тој има 33 години и е сосед на Хефнер.

Дворецот е со површина од два хектара. Куќата зафаќа 1.858 квадратни метри и е изградена во 1927, во готски и тјудорски стил. Има 29 соби, базен и тениско игралиште, а Хефнер има добиено дозвола од властите да изгради и зоолошка градина.

По смрттa нa Хефнер, новиот сопственик планира да го спои замокот со својот сопствен посед, којшто сега зафаќа 3 хектари. Замокот се прослави како „прифатилиште“ за девојките од „Плејбој“, каде што Хефнер организираше забави од најразуздан тип.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com