HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНајмладите музичари од срце ќе свират за спас на Исидора – Студентите со благородна мисија

Најмладите музичари од срце ќе свират за спас на Исидора – Студентите со благородна мисија

Студенти од Факултетот за музичка уметност со благородна идеја. Тие се доказ дека денешната младина има хуман и непоколеблив дух кога се работи за пружањето помош на оној на кој тоа му е најпотребно. Со два концерти, во Скопје и Струмица, студентите ќе собираат пари за малата болна Исидора.

„Забележувајќи го случајот за малата Исидора по интернет порталите, апелот за помош од страна на таткото на Исидора, потребата да се направи нешто не ме оставија мирен. Со тоа создавајќи ја приказната како да и се помогне се обратив до колегите на Факултетот за Музичка Уметност дали се заинтересирани да организираме хуманитарен концерт и да помогнеме најдобро како што ние знаеме и умееме, а тоа е преку јазикот на музиката. На мое огромно задоволство се пријавија голем број колеги кои изразија заинтересираност со учество во организацијата и учество на самиот концерт. Деновиве таа група на студенти, сите зедно ја создаваме приказната од правење плакати, флаери и програми, разменуваме мислења за тоа како да направиме поуспешен концерт. Среќен сум што постои огромна желба и ентузијазам за да се помогне кај мене, како и кај моите колеги. Затоа ве покануваме сите вие кои сакате да помогнете и да уживате во концертната вечер да дојдете заедно да ја споделиме хуманоста“ – вели студентот Дамијан Каранфилов за Позитив.мк

Дамијан Каранфилов

Дамјан вели дека идејата веднаш и со задоволство била прифатена од Факултетот за музички уметности, општина Стумица и Младинскиот совет на Oпштина Струмица кои се понудиле да го помогнат остварувањето на овие концерти. Концертот во Струмица ќе се одржи на 22.06.2016, среда во 21:00 часот во струмичкиот амфитеатар, а во Скопје концертот ќе се одржи на 24.06.2016, петок во 20:00 часот во концертната сала на Факултет за музичка уметност во Скопје.

На концертите ќе настапат студенти од вокално-инструменталните оддели од Факултетот за музичка уметност, Скопје. На хуманитарниот концерт во Скопје ќе биде поставена кутија за донации, а на тој во Струмица ќе има карта по симболична цена од 100 денари и средствата собрани на концертите ќе бидат донирани за Исидора Димеска од Прилеп, со дијагноза АСД, ВСД и пулмонална хипертензија. Бебето има време две недели да биде оперирано, за да не би било фатално. На концертите ќе бидат изведувани дела од: К.Дебиси, М.Равел, Ј.С.Бах, Ф.Шопен, Ф.Лист, А.Пијацола….

Редакцијата на Позитив.мк ве поканува на овој настан да уживате во прекрасните звуци на нашите идни големи музички ѕвезди и секако да бидете хумани и да помогнете на некој на кој тоа навистина му е потребно. Во продолжение, погледнете ја програмата.

Програма за Скопје 24.06.2016, Концертна сала на ФМУ

1. F. Chopin – waltz Op 69 no 2
Ема Ананиевска -пијано
2. F. Liszt- Waldesrauschen
Тамара Коминовска – пијано
3. Claude Debussy – Arabesque No.1
Дуо Харфлеја
Тамара Џајковска – флејта
Симона Богоевска – харфа
4. P.I.Tschaikovsky- “Отчего”
Тина Ристеска – сопран
Teodora Narashanova-пијано
5. M.Dautremer – Réçit et Impromptu
Петар Смилев -кларинет
Ана Велиновска-пијано
6.G.Handel- Wie lieblich ist der boten schritt
Катица Мишеска- сопран
Ана Велиновска-пијано
7. S. Rachmaninoff- Etude op 33 no 2
Теодора Нарашанова-пијано
8. S. Prokofiev: Петре и волкот
Ива Дамјановски и Тамара Коминовска – дуо пијано
9. Richard Galliano- Tango pour Claude
Стефан Манасиевиќ – хармоника
Теодора Нарашанова – пијано
10. А. Khatschaturian: Toccata
Ана Велиновска – пијано
11. C. Debussy- Suite Bargamasque,Prelude
Ива Дамјановски – пијано
12. Celso Machado-brasilian dances: Ponteio Agalopado & Ciranda Roda
Квартет гитари: Јоана Ристеска, Филип Андонов, Марија Лебамова, Валон Јакупи
13. M. Ravel- Le jardin feerique
Ана Велиновска и Теодора Нарашанова – дуо пијано
14. А. Piazzola – Oblivion
Даниела Мегленова- флејта
Бојан Лушковски – кларинет
Александра Чуруковска – контрабас
Тамара Коминовска- пијано

Програма за Струмица 22.06.2016, Амфитеатар на Струмица

1. M.Dautremer – Réçit et Impromptu
Петар Смилев -кларинет
Ана Велиновска-пијано
2. J.Brahms- Intermezzo op 117 no 2
Нита Груби- пијано
3. M. Glinka- Elegia
Дамијан Каранфилов- баритон
Ана Велиновска- пијано
4. C. Debussy- Valse Romantique
Сара Кесковска- пијано
5. M. Ravel- Le jardin feerique
F. Poulenc- Sonata
Ана Велиновска и Теодора Нарашанова – дуо пијано
6. F. Tarrega- Valse
Ангел Витанов- гитари
7. G.Donizzeti – La favorita – arija ” Vien Leonora”
Филип Пешевски
8. Aria di Margarita-” Ah je ris Opera “Faust”
Јаворка Витанова

Учествуваат: Тамара Џајковска, Симона Богоевска, Тина Ристеска, Јаворка Витанова, Теодора Нарашанова, Петар Смилев, Ана Велиновска, Дамијан Каранфилов, Ема Ананиевска, Тамара Коминовска, Катица Мишеска, Ива Дамјановски, Стефан Манасиевиќ, Јоана Ристеска, Филип Андонов, Марија Лебамова, Валон Јакупи, Даниела Мегленова, Бојан Лушковски, Александра Чуруковска, Марко Гапо, Сара Кесковска, Нита Груби, Филип Пешевски, Иван Трајковски, Георги Калајџиев (Џоџо), Ангел Витанов, Викторија Митеска. На концертот во Струмица ќе се приклучи и хорот на ОМУ “Боро Џони“ , како и ученици од тоа училиште.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com