HomeСТУДЕНТУМНајмладиот академски граѓанин: 12-годишно дете примено на престижен канадски Универзитет

Најмладиот академски граѓанин: 12-годишно дете примено на престижен канадски Универзитет

Престижен канадски универзитет запиша 12 годишно дете од Индонезија на студиите по физика, пренесоа вчера индонезиските медиуми. Чендикиаван „Дики“ Сурјатмаџа е примен на University of Waterloo во Онтарио со стипендија, рече индонезискиот амбасадор во канада, Теуку Фаизасиах за весникот „Џакарта пост“.

„Тоа секако е извор за инспирација за многу индонезиски деца и ученици“, рече амбасадорот. Дики благодарение на талентот ги прескокнувал одделенијата во Индонезија, а сам научил англиски јазик. Ќе живее со родителите во стан во близина на Универзитетот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com