HomeДЕНЕШНАПолитикаНајмилозливиот македонски претседател со 26 нови помилувања

Најмилозливиот македонски претседател со 26 нови помилувања

Најмилозливиот македонски претседател со нови 26 помилувања. Дел од имињата кои се објавени во службен весник се непознати за јавноста, помал дел пак се совпаѓаат со имиња на осудени во познати случаи. Така прво и второ помилуваните кои целосно се ослободуваат од затворската казна се Перица ЈАнковиќ од Побожје и Љубица Каровска од Кавадарци. Она што и двајцата ги поврзува се белите мантили, кои лажно ги поседувале и со кои лажно се преставувале како лекари.

Првиот Перица Јанковиќ ограбувал аптеки, облечен во бел мантил за фармацевтите да мислат дека е лекар. Со помош на брат му парите од касата завршувале во нивната торба. На колку години бил осуден нема податоци, ама сега е целосно ослободен. Втората и уште поконтроверзна е Љубица Каровска, лажната лекарка од здравствениот дом во Кавадарци. Таа пред неколку години беше осудена зошто ја фалсификувала лиценцата за работа а во итната медицинска помош се вработила без диплома од факултет. Случајот беше откриен откако интервенираше врз 18 годишниот, Мите Влајков кој почина на сред фудбалски натпревар.

Меѓу помилуваните се наоѓа и името на Стојан Лазаров од Стумица, кое се совпаѓа со она на поранешниот претседателот на огранкот на ВМРО ДПМНЕ во Струмица кој како цариник беше фатен дека шверцува текстил. Се спогоди за три годишна затворска казна, ама сега таа е скусена за 6 месеци. Исто така меѓу помилуваните се наоѓаат и имиња на осуденици од акцијата Детонатор, осуденици за кражби, измами и стопански криминал.

Само лани, Иванов помилувал 230 затвореници. Сепак, ќе остане запаметен по скандалозните аболиции на политичарите против кои СЈО води истраги.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com