HomeДЕНЕШНАСветНајмалку пет лица загинаа во пожар во Париз

Најмалку пет лица загинаа во пожар во Париз

Најмалку пет лица загинаа и две се потешко повредени во пожар кој избувна во зграда во центарот на Сант Дени крај Париз, јавува дописникот на МИА. Покрај двете потешко повредени лица, има уште седум други полесно повредени, од кои тројца се пожарникари.

Петте жртви беа пронајдени во жариштетот на пожарот, откако тој беше изгаснат. Зградата беше висока четири катови и подот на четвртиот за време на пожарот се урнал врз третиот. Пожарот избувнал околу 19 часот и 30 минути и тој бил ставен под контрола околу 22 часот и триесет минути. Причините за пожарот не се познати.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com