HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНајави повлекување од музичката сцена бидејќи вели дека е „престар за рап“

Најави повлекување од музичката сцена бидејќи вели дека е „престар за рап“

29-Годишниот рапер, кој светската слава ја доживеа на само 13 години под уметничко име Bow Wow, на својот „Тивтер“ профил ги објави своите планови за пензија. Американскиот рапер, чие вистинско име е Шад Мос, одлучи да се повлече од музичката индустрија истакнувајќи дека во текот на својата повеќегодишна кариера заработил 20 милиони долари и дека не се гледа себеси како рапер во триесетите години до својот живот.

Преку социјалната мрежа „Твитер“ им ја пренесе оваа вест и на своите обожаватели, но во таа прилика го најави и својот последен албум „NYLTH“ за кој не прецизираше кога може да се очекува. По пат на „Твитер“ исто така ја пренесе веста дека ќе се фокусира на актерството, како и продукција на два ТВ-шоуа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com