HomeДЕНЕШНАПолитикаНачалникот на СВР Битола си ја вработи сопругата во ресенската полиција

Началникот на СВР Битола си ја вработи сопругата во ресенската полиција

Началникот на СВР Битола, Методија Атанасовски си ја вработил сопругата Марјана како негова колешка – во службите на полицијата во Ресен – пишува Мета. Завчера СВР Битола отвори нови 26 работни места, кои ќе бидат пополнети без оглас.

– СВР не вработува, обратете се во МВР, тие склучуваат договори за вработување – вели портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, тврдејќи дека нема информации за нововработени во СВР Битола.

Покрај сопругата на Атанасовски, на списокот нововработени во СВР Битола е и претседателот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Бојан Димовски, кој потврдува дека се вработил во битолската полиција. Прашан дали се вработил без оглас, Димовски изјави дека „МВР си има свој протокол за вработување и сè е во рамките на законските прописи“.

Во СВР Битола од неодамна без оглас е вработен и синот на актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Зоран Илиоски. „И син ми има право да работи“ – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илиоски откако се прошири веста дека неговиот син без оглас се вработил во битолската полиција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com