HomeДЕНЕШНАПолитикаНачалникот Горан Грујовски разрешен од функција

Началникот Горан Грујовски разрешен од функција

Првоосомничениот во случајот „Тврдина” на СЈО, началникот на петтата управа Горан Грујовски е разрешен од функција.
Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков не сакаше да образложи зошто е разрешен началникот, но тврди дека тоа е направено во законски рамки.

Чавков вели дека Грујовски од вчера го прекинал боледувањето, се вратил на работа и бил разрешен од позицијата началник на петтата управа, а се уште нема поставено нов на неговото место. Инаку, Грујовски заедно со уште четири лица, меѓу кои и поранешната министерка, Гордана Јанкуловска се осомничени за уништување на системите за нелегално прислушкување, вредни 10 милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com