HomeДЕНЕШНАРепубликаНаучници од Русија на тркалезна маса за „Св.Климент Охридски“

Научници од Русија на тркалезна маса за „Св.Климент Охридски“

Во рамки на Деновите на руската духовна култура во Македонија, денеска на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи тркалезна маса на тема „Св. Климент Охридски и неговото духовно наследство”.

Ќе учествуваат научници од Руската Федерација и Република Македонија меѓу кои Алексеј Пентковскиј, раководител на Балканскиот кабинет на Московската духовна академија, Димитар Пандев, професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Марина Крутова, раководител на секторот за книги во ракопис на Руската државна библиотека, Ефтим Клетников, член на Здружението на писатели на Македонија, Филип Петровски, директор на Државниот архив на Република Македонија и други.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com