HomeДЕНЕШНАЕкономијаНаумов: Вистинската причина поради која денес не се задолживме

Наумов: Вистинската причина поради која денес не се задолживме

Заменскиот министер за финансии Кире Наумов реагираше на одлуката на министерството да ја одложи закажаната аукција на државни записи и наместо изговорот дека треба да се остават повеќе пари во оптег за стопанството ја открива вистинската причина.

„Во месец септември по основ на домашно задолжување долгови за враќање доспеваат на 07-ми, 21-ви и 29-ти, а предвидени се уште аукции за задолжување на 20-ти и на 27-ми септември. Долгот што доспеваше на 7-ми во месецот се врати со средствата од аукцијата одржана ден претходно, со која дополнително јавниот долг се зголеми за нови пет милиони евра. Повторно се прави обид за манипулација со наводно намалување на домашно задолжување кон нула. Согласно официјалните податоци домашното задолжување заклучно со месец август изнесува повеќе од 79 милијарди денари. Прашање е зошто, после незаконската еврообврзница од 450 милиони евра и зголемувањето на јавниот долг од нови 5 милиони евра со последната аукција од пред само седум дена, од министерството за финансии сметаат дека е успех да не се одржи аукција во период во кој не доспеваат долгови за враќање кон домашните кредитори. Вистински потег и грижа за стопанството и економијата е да не се одржат аукциите предвидени во календарот заклучно со 31 октомври 2016 година“ – се вели во реакцијата од Наумов.

Од опозицијата и натаму тврдат дека Владата премногу се задолжув и мора да се внимава на стапката на јавниот долг кој сега изнесува 45,3 % од бруто домашниот производ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com