HomeДЕНЕШНАСветНАТО и ЕУ потпишаа историски договор. Алијансата поставува трупи во Полска, Естонија, Латвија и Литванија

НАТО и ЕУ потпишаа историски договор. Алијансата поставува трупи во Полска, Естонија, Латвија и Литванија

Паднаа одлуки на НАТО самитот. Во Варшава е потпишан историскиот договорот од страна на лидерите на НАТО и Европската унија, со кој се зајакнува нивната соработка во одбрана против нови предизвици.

„Силна Европска унија значи силен НАТО и силен НАТО значи силна Европска унија. нашите акции се надополнуваат, но денеска одлучивме да направиме повеќе“ – изјави Жан Клод Јункер, претседател на Европска комисија. Договорот го потпишаа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседателот на Европскиот совет доналд туск и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

„За разлика од самитот од пред две години, во Велика Британија ситуацијата драматично се промени. И тогаш земјите учеснички се соочија со кризни моменти. Но, денес НАТО и РУ повторно се соочуваат со иститот проблем кој доаѓа од исток и југ, гури и одвнатре во форма на нови предизвици“ – изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

По првата сесија од северноатланскиот совет во рамки на самитот на Алијансата во варшава, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на прес конференција ја објави одлуката за проширување на военото присуство во источниот дел од нато со четири баталјони во Полска, Естонија, Летонија и Литванија врз ротациски принцип.

„Одлучивме да го прошириме нашето воено присуство во четири батаљон, тука во Полска, во Естонија, Латвија и Литванија со основни бази. Овие батаљони ќе бидат мултинационални и ќе ја претстават слината врска на Алијансата и секој напад врз овие бази ќе се смета за напад врз Алијансата“ – изјави Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО.

Македонската делегација на НАТО самитот во Варшава е претставена од министрите за надворешни работи и одбрана, Никола Поповски и Зоран Јолевски, откако на 1 јули претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов информираше дека тој нема да учествува поради игнорирање на меѓународното право, пресудата на меѓународниот суд на правдата во Хаг како и безбедносните предизвици во регионот.

На НАТО самитот за прв пат присуствува и Црна Гора откако на 19 мај го потпиша протоколот за пристапување. Црногорската делегација ја предводи премиерот Мило Ѓукановиќ и ќе биде застапена на сите состаноци во тек на дводневната работа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com