HomeАЈНШТАЈНИЈАНасмевката ги открива пријателите

Насмевката ги открива пријателите

Благодетите на насмевката за психофизичко здравје до сега беа потврдени безброј пати, но помалку е познато дека не се смееме исто во секое друштво. Дека нашата насмевка звучи различно кога сме со пријатели за разлика кога сме со непознати лица, заклучија научниците од универзитетот во Калифорнија. Речиси илјада испитаници од 24 земји слушале снимки од две лица кои се смеат без да им биде кажано дали тие лица се познаваат или не.

Во половина од тие снимки се наоѓале лица кои биле долгогодишни пријатели, додека во другата половина станувало збор за лица кои неодамна се запознале. Во дури 61 отсто од случаите, испитаниците точно ги идентификувале оние парови кои биле долгогодишни пријатели. Според ова донесен е заклучок дека на испитаниците многу полесно им било да ја идентификуваат насмевката на пријателите кога станувало збор за жени.

Водичот на овие студии Грег Бајант вели дека ова е најголемо интеркултурно истражување за насмевката некогаш направено. Според неговите зборови, резултатите од ова истражување покажуваат дека луѓето ширум светот ја перцепираат насмевката на различен начин и дека конечно сме еволуирале до точка до која можеме да разликуваме искрена од вештачка насмевка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com