HomeДЕНЕШНАСветНаскоро ќе биде завршена изградбата на џамија вредна милион и пол долари!

Наскоро ќе биде завршена изградбата на џамија вредна милион и пол долари!

Алжир наскоро ќе отвори џиновска и ултрамодерна Голема џамија, чија изградба започнала во 2011 година. Оваа џамија би требало да биде трета по големина во светот, пренесуваат светските медиуми. По висината на минарето ќе биде апсолутен рекордер, бидејќи ќе биде повисока од џамијата Хасан Втори во Казабланка за речиси 60 метри.

Како што пренесуваат специјализирани сајтови, изградбата на џамијата во Алжир била неколку пати одложувана откако темелите на овој проект биле поставени пред четири години. Меѓутоа, изненадувачкото зголемување на бројот на работниците на градилиштето најверојатно значи дека проектот ќе биде готов пред крајот на оваа година.

Dzamija

Првите најави дека ќе биде отворена во септември нема да се исполнат, но се очекува дека до декември ќе биде отворена за посетителите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com