HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосНАСА објавила нови фотографии од Јупитер- најдобри до сега

НАСА објавила нови фотографии од Јупитер- најдобри до сега

Леталото на Американската агенција за истражување на вселената забележала, до сега, најдобри фотографии од Јупитер и открила невреме на северниот пол од најголемата планета на сончевиот систем. Северната поларна регија на Јупитер била многу потурболентна од очекуваното и поинтензивна плава боја во однос на остатокот од планетата, изјавил шефот на мисијата Скот Болтон од истражувачкиот институт во Сан Антонио.

Infracrvena,-Aurora-Jupitera-f1

„Јупитер е непрепознатлив на оваа слика“, изјави Болтон.

НАСА објавила неколку зумирани фотографии кои минатата недела ги направило леталото „Јунион“ додека летала на оддалеченост од околу 4.000 километри над густите облаци на Јупитер. „На зголемените фотографии кои ги направи леталото „Јунион“ се гледа дека погледот на Јупитеровиот северен пол не изгледа онака како што го замислувавме“, истакна Болтон.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com