HomeДЕНЕШНАСветНапад на шиитското светилиште во Ирак, 37 мртви

Напад на шиитското светилиште во Ирак, 37 мртви

Во синоќешниот напад на шиитското светилиште северно од Багдад беа убиени 37 лица, а 62 беа повредени, истакнаа ирачките функционери. Нападот на маузолеј „Саид Мохамад“ во Балад, 80 километри северно од главниот град на Ирак, започна синоќа со гранитирање, за потоа бомбаш-самоубиец да се појави пред полицијата, стои во официјалното соопштение на полицијата.

Другиот бомбаш-самоубиец влегол во светилиштето со девет вооружени лица кои ги нападнале припадниците на безбедносните сили и цивили внатре. Според соопштението од полицијата, третиот бомбаш-самоубиец бил убиен пред да го активира својот експлозив.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com