HomeДЕНЕШНАРегионПад на албански воен хеликоптер во Скадарско Езеро – двајца загинати

Пад на албански воен хеликоптер во Скадарско Езеро – двајца загинати

 

Несреќен случај попладнево, хеликоптер на албанската војска „Еурокоптер ЕЦ 145“ се урна попладнево во северниот дел на Албанија, на подрачјето на Скадар, при што најмалку две лица загинаа, пренесува АНСА.

Самата агенцијата објаснува дека двочлениот екипаж загинал, а третото лице кое било во хеликоптерот е тешко повредено. Хеликоптерот паднал во Скадарското Езеро, а нуркачи во моментов трагаат по телата. Тонин Маринај, градоначалник на Малеси е Маде кажа пред новинарите дека хеликоптерот се урна денеска во попладневните часови, поточно околу 14 часот кај Скадарското Езеро, близу селото Гриже, на 108 километри северно од престолнината Тирана.

Инаку, за среќа имало луѓе па неколкумина рибари и локални жители го одвеле повредениот во болница.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com