HomeДЕНЕШНАСветНапад врз автобус во Франција, шест лица ранети

Напад врз автобус во Франција, шест лица ранети

Шест лица се ранети во чешки автобус вчера на поминување низ Франција кога автобусот паднал под дожд од куршуми, соопшти францускиот јавен обвинител. Автобусот патувал од Шпанија за Чешка. Инцидентот се случил на автопат во близина на Дроме, во југозападна Франција. Автобусот превезувал 75 луѓе, вклучително и деца на училишна возраст.

Обвинителот Алекс Перен изјави за телевизијата BMFTV дека повредените се здобиле со рани од парчињата прозорски стакла. „Пет патници се здобиле со полесни повреди, додека шестиот, 54-годишна жена е потешко повредена“, рече обвинителот. Мотивот за пукањето врз автобусот засега не се познати. Според прелиминарните сознанија, наводно пукано е од ловечка пушка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com