HomeДЕНЕШНАСветНападнат американскиот универзитет во Кабул, стотици луѓе заробени внатре

Нападнат американскиот универзитет во Кабул, стотици луѓе заробени внатре

Вооружени мажи влегле во американскиот универзитет во Кабул, а според авганистанските медиуми, иако сé уште нема официјална потврда, во нападот има мртви и повредени. Сите лица кои во моментот на нападот се наоѓале во зградата на универзитетот, а се проценува дека се неколку стотини, се заробени внатре. На местото на настанот се наоѓаат голем број припадници на безбедносните служби.

Меѓу оние кои се заробени во зградата на универзитетот е и фотографот на агенцијата Assocaieted Press, Масуд Хосеини, кој на Twitter напишал дека универзитетот е нападнат и дека тоа е можеби неговиот последен твит.

„Станува збор за сложен напад во зградата на американскиот универзитет. Специјалните сили се наоѓаат таму“, изјавил претставник на специјалните сили на Авганистан.

Локалната телевизија ToloNews извести дека прво се слушнала силна експлозија, а потоа напаѓачите влегле во кампусот на универзитетот, кој се наоѓа во релативно безбедниот дел на Кабул. Очевидци за телевизијата изјавиле дека некои од студентите успеале да избегаат кога започнал нападот, додека останатите се заклучиле во своите училници.

Макфакс

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com