HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНападнати обожаватели на групата „Radiohead“ во Турција

Нападнати обожаватели на групата „Radiohead“ во Турција

Членовите на британската група „Radiohead“ нападот на група исламисти врз посетителите и вработените лица во една музичка продавница во Истанбул, каде била организирана забава по повод објавувањето на нов албум на таа група го карактеризираа како акт на „насилна нетолеранција“. Група од 20 мажи ги претепала посетителите и вработените во музичката продавница во петокот навечер бидејќи пиеле алкохол додека слушале музика за време на муслиманскиот празник Рамазан.

„Нашите срце се со оние кои беа нападнати. Се надеваме дека еден ден ќе можеме да гледаме на такви актови на нетолеранција како на нешто одамна завршено. За сега, на нашите обожаватели во Истанбул можеме само да им понудиме љубов и поддршка“, стои во пораката на британската група. Како што пренесуваат тамошните медиуми, напаѓачите кршеле работи во продавницата, ги навредувале и ги растерале посетителите на журката која била организирана по повод издавањето на новиот албум „A Moon Shaped Pool“.

Албум

На фотографиите од овој инцидент, кои се објавени на социјалните мрежи, може да се види како напаѓачите фрлаат столчиња и ја уништуваат продавницата. Може да се види и крварењето на едно лице од како се здобил со повреда на главата после удар од шише.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com