HomeРЕФЛЕКТОРФилмНападната актерката Кели Мекгилис

Нападната актерката Кели Мекгилис

Кели Мекгилис, ѕвездата од филмовите „Топ Ган“ и „Сведок“, денес објави дека минатата недела била нападната во својот дом во Северна Каролина. Актерката на „Фејсбук“ напишала дека на 17 јуни на враќањето во својот дом во Хендерсонвил, видела дека вратата од нејзиниот дом е отклучена и дека е запалено светлото.

Набргу, како што вели таа, се појавила некоја жена која ја нападнала кога истрчала надвор да го повика бројот за итни случаеви притоа земајќи и го телефонот. Жената напаѓач, идентификувана како Лорес Дорн (38), веднаш била уапсена за физички напад. Мекгилис исто така напиша дека се здобила со модрици, но дека се наоѓа во добра состојба.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com