HomeДЕНЕШНАЕкономијаНамален бројот на живородени деца во Македонија

Намален бројот на живородени деца во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородени деца во 2015-та во споредба со претходната година е намален за 2,2%, а во истиот период има пораст на бројот на мртвородени деца. Лани имало 23.075 живородени деца и во споредба со 2014 година бројот се намалил за 52. Во истата година во споредба со 2014 та, бројот на мртвордени се зголемил за 14.

Негативен тренд бележи статистиката и во првиот квартал од 2016 година. Бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2016 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 0.8 % и изнесува 5 537
живородени деца, се наведува во извештајот на заводот за статистика. Заклучно со март, годинава во земјава имало 5 537 живородени деца или за 47 помалку во однос истиот период од 2015 година. Незначително намалување има кај смртноста на новородените или само две мртвородени деца помалку од истиот период минатата година.

Според ваквите податоци, многубројните кампањи на владата за многудетни семејства и субвенциите за трето дете не ја поправија лошата слика на наталитетот. И недоманешното истражувањето на Фајненс тинк посветено на политиката за стимулирање на трето дете покажа дека генерално, мерките имаат негативен сегашен нето – ефект.

„Бројот на третородени деца има минимален ефект врз вкупната стапка на природен прираст, освен во годините 2009 и 2010 кога се исплатуваше и додаток за второ и за четврто дете. Показателите упатуваат на фактот дека ефектот од мерката не кореспондира со поставената цел, односно зголемениот број третородени деца не е доволен за да го надомести недостигот од првородени и од второродени деца во вкупниот број живородени деца„ – се вели во истражувањето.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com