HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНамалена суспензијата на Игуаин, ќе игра против Рома

Намалена суспензијата на Игуаин, ќе игра против Рома

Getty Images

На напаѓачот на Наполи Гонзало Игуаин му е намалена суспензијата од четири на три натпревари неиграње, па така ќе може да го одигра важниот натпревар против Рома во Серија А на 25 април. Аргентинецот ја заработи оваа суспензија поради низа на протести кај судиите за време на поразот на Наполи од Удинезе од 3:1, нешто порано овој месец. Тој го пропушти дуелот со Верона, а нема да биде достапен во првиот тим ниту за натпреварите против Болоња и Интер.

Игуаин оваа сезона постигна 30 погодоци на 31 одигран натпревар, а неговиот Наполи е второпласиран во италијанското првенство со шест поени предност пред второпласираната Рома, а исто толку заостанува и од лидерот на табелата Јувентус.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com