HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНаинголан: Челси ме посакува, Конте е голем тренер

Наинголан: Челси ме посакува, Конте е голем тренер

Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан денес потврди дека имало контакт меѓу Челси и Рома околу негов евентуален трансфер во редовите на англискиот клуб. Новиот тренер на Челси Антонио Конте имал голема желба да го доведе Наинголан во своите редови уште како тренер на Јувентус, а сега сака да го доведе на „Стемфорд Брич“.

„Имаше контакт меѓу Челси и Рома. Јас нема да се мешам додека двата клуба не постигнат договор. Челси сака да го засили својот тим, а Конте е голем тренер кој и порано сакаше да ме ангажира“, изјави Наинголан. Тој сепак истакна дека се уште ништо не е готово и дека нема да му биде лесно да ја напушти Италија.

„Челси е голем клуб, но трансферот не е готов се додека не се потпише договор. Нема да биде лесно да се напушти Италија после 11 години поминати таму“, изјави Наинголан. Договорот на Наинголан со Рома му истекува во јуни 2020 година, а во клубот пристигна во 2014 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com