HomeДЕНЕШНАСветНад 500 лица хоспитализирани во Јапонија поради пеколните горештини

Над 500 лица хоспитализирани во Јапонија поради пеколните горештини

Над 500 лица беа хоспитализирани денеска во Јапонија поради топлотен удар, како резултат на силните горештини, соопшти телевизијата Ен Ејч Кеј. Двајца од настраданите се во тешка состојба. Во голем број области на Јапонија живата во термометарот се искачи над 38 степени Целзиусови.

Вчера над 450 лица со топлотен удар побараа помош во болниците. Минатата година, од горештините во Јапонија починаа над 100 лица, а 53 илјади беа хоспитализирани.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com