HomeДЕНЕШНАПолитикаНад 20 кандидати за ад хок телото и уредничкото место во МТВ

Над 20 кандидати за ад хок телото и уредничкото место во МТВ

Над дваесет лица се пријавиле на конкурсот кој СДСМ го објави за избор на кандидати за ад хок телото за регулација на медиумите и позицијата главен и одговорен уредник на јавниот сервис. По ова следуваат консултации со новинарските здруженија, по што СДСМ ќе го предложи својот кандидат за регулаторното тело и за МРТВ.

„Очекуваме дека токму преку ова тело ќе создадеме минимум услови за фер и слободни избори. На Македонија и се потребни професионалци кои ќе се ангажираат во оваа област“, изјави Љупчо Николовски од СДСМ

Меѓу пријавените дваесетмина, нема членови на МАН и ЗНМ.

Ад хок регулаторното тело треба да биде формирано до 19-ти месецов. Четворица членови ќе бидат на предлог на четирите партии, од кои најмалку еден Албанец. Потоа четирите членови со консензус ќе го изберат петтиот. Ад- хок телото ќе прави анализи за избалансираното известување и ќе праќа опомени до медиумите доколку има прекршување. По второ регистрирано небалансирано известување ќе следи казна за медиумот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com