HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМурињо: Отсуството на Агуеро е отежнувачка околност за нас, не олеснувачка!

Мурињо: Отсуството на Агуеро е отежнувачка околност за нас, не олеснувачка!

Утре на програма е големото манчестерско дерби, а беа одржани и прес-конференции за медиумите во пресрет на оваа средба. Како и секогаш на конференцијата Мурињо настапи во свој стил. Познат е фактот дека Кун Агуеро ќе го пропушти големото дерби поради суспензија од три натпревари која ја заработи поради тоа што со лакт го удари Винстон Рид. Сосема е логично дека отсуството на Агуеро е проблем за Гвардиола и Сити, но така не мисли Мурињо.

„Тоа што Агуеро не игра е полошо за нас. Кога е тој во ростерот, тој игра и ние знаеме со која формација ќе настапат. Сега тој нема да биде во комбинација, а тие имаат неверојатни опции. Напред би можел да биде Ихеначо, но тука се и Стерлинг и Силва кои можат да играат и како лажни деветки. Имаат многу опции. Мораме да одиме чекор по чекор. Мораме да ја намалиме нивната непредвлидливост“, изјави Мурињо.

Се уште не е познато како ќе настапи Сити, односно дали ќе игра Ихеначо како заменаза Агуеро или Гвардиола ќе настапи со лажна деветка во нападот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com