HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМурињо „отпиша“ 13 фудбалери од „Олд Трафорд“

Мурињо „отпиша“ 13 фудбалери од „Олд Трафорд“

Жосе Мурињо подготвува голема чистка на „Олд Трафорд“, а како што пренесуваат одредени медиуми, Португалецот е решен да се ослободи од дури 13 фудбалер на „црвените ѓаволи“. Петото место во Премиер лигата е секако знак дека актуелниот тим на Јунајтед не е достоен на фантастичната традиција на клубот од „Олд Трафорд“, иако во него беа вложени неколку стотици милиони последните неколку години.

Според овие шпекулации, Мурињо се откажал од Андер Ерера, Хуан Мата, Мемфис Депај, Бастијан Швајнштајгер, Маруан Фелаини, Ешли Јанг, Мајк Керик (иако се шпекулира дека ветеранот ќе добие нов едногодишен договор), Гиљермо Варела, Маркос Рохо, Серхио Ромеро, Матео Дармијан, Антонио Валенсија и повредениот Лук Шо.

Од друга страна пак, Португалецот ќе се обиде по секоја цена да го задржи Шпанецот Де Хеа на „Олд Трафорд“ кој е голема желба на Реал Мадрид. Веќе неколку недели се шпекулира дека првото засилување на Мурињо би можело да биде Србин, односно еден од неговите омилени фудбалери на Челси Немања Матиќ. Исто така, се очекува и доаѓањето на централниот дефанзивец на Виљареал, Ерик Баили.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com