HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМурињо нуди 40 милиони евра за дефанзивец на Виљареал

Мурињо нуди 40 милиони евра за дефанзивец на Виљареал

Прва линија од тимот која Мурињо сака да ја засили во Манчестер Јунајтед е одбраната, па токму поради тоа негова прва мета е дефанзивецот на Виљареал Ерик Баили. Баили има 22 години и доаѓа од Брегот на Слоновата Коска, а во „Жолтата подморница“ пристигна минатата сезона од Еспањол во трансфер вреден 5,7 милиони евра.

Во неодамна завршената сезона Јунајтед во центарот на одбраната играше со Крис Смолинг и Дејли Блинд на кого таа не му е природна позиција. Поради тоа „Специјалниот“ нуди 40 милиони евра за Африканецот, пренесуваат шпанските медиуми. Баили пристигна во Виљареал бидејќи клубот го напушти Габриел Паулиста.

Виљареал оваа сезона ја имаше една од најдобрите денфанзивни линии во Шпанија каде токму Баили беше клучен фактор. Тој одигра 35 натпревари оваа сезона. Висок е 187 центиметри и поседува завидни физички предиспозиции, па токму поради тоа се смета дека тој лесно би се вклопил во Премиер лигата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com