HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМурињо нема да го чека Погба, ова е „планот Б“!

Мурињо нема да го чека Погба, ова е „планот Б“!

Јунајтед станува нестрплив, понудата нема уште долго да биде на маса, Португалецот веќе има друга идеја. Пол Погба ја има понудата која ја сакаше Мино Раиола, ако одлучи да замине и побара трансфер, Јувентус ќе ја прифати понудата од 123 милиони евра, колку што понуди Манчестер Јунајтед. Раиола ги олади „Ѓаволите“ со изјавата дека Погба е среќен во Јувентус и дека клубот подготвува нов договор со цел да го задржи.

Тоа сепак ќе бидат многу помалку пари од оние што може да ги заработува Погба на островот, но и понатаму се појавуваат шпекулациите дека Французинот повеќе сака да оди во Шпанија и дека не е расположен за враќање во стариот клуб. Во секој случај расплет нема да чекаме до самиот крај на трансфер периодот, Јувентус и Јунајтед сакаат одговор од Погба што побргу, тој се наоѓа на одмор, а кон почетокот на август ќе се појави на подготовките.

Каде, тоа се уште не е познато, но Мурињо бара трансферот да биде готов во наредните две недели. Сепак, доколку го одбие Погба, Мурињо ќе тргне кон Цеск Фабрегас! Имено, Португалецот внимателно го следи расплетот во Челси, Конте ќе направи чистка, ќе видиме дали ќе има место на Шпанецот, после пристигнувањето на Канте и можниот трансфер на Наинголан.

Токму парите од продажбата Фабрегас Конте би ги искористил за да го купи Белгијанецот од Рома. Тој сака поаргресивни фудбалери на средината на теренот од Фабрегас, па токму тоа би можело да биде шанса за Јунајтед да го доведат Шпанецот на „Олд Трафорд“. За сега, како што рековме, тој е само резервна варијанта, но постои можност да дојде до овој трансфер бидејќи Мурињо бара фудбалер кој ќе ја унапреди пас играта.

Ако се случи овој трансфер, Фабрегас ќе биде единствен во историјата кој ги носел дресовите на Арсенал, Челси и Јунајтед.

Мурињо

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com