HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМурињо: Би сакал да ги заборавиме последните три години

Мурињо: Би сакал да ги заборавиме последните три години

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед Жосе Мурињо изјави дека би сакал да ги заборави последните три сезони на „Црвените ѓаволи“. Јунајтед се мачи со уште од заминувањето на Сер Алекс Фергусон- после него на клупата на Јунајтед беа Дејвид Мојс и Луј Ван Гал, но не успеаја да донесат радост кај навивачите. Токму поради тоа беше донесен Жосе Мурињо, кој стави потпис на тригодишен договор.

„Клубот можеме да го разгледуваме од две перспективи. Едното гледиште се изминатите три години, а второто е целокупната историја која ја поседува овој клуб. Би сакал да ги заборавиме последните три години. Сакам да победувам, потребно е и навивачите и играчите да го чувствуваат истото“, изјави Мурињо.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com