HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМојс пристигна и веднаш купува од Јунајтед

Мојс пристигна и веднаш купува од Јунајтед

Дејвид Мојс штотуку беше промовиран за нов менаџер на Сандерленд каде го наследи местото на Сем Алардајс кој беше избран за селектор на Англија, а се чини дека веќе има план кога е трансфер периодот во прашање. Прва желба на Сандерленд во овој трансфер период на чело со Дејвид Мојс ќе биде фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Аднан Јанузај.

Дејвид Мојс го тренираше и го промовираше во првиот тим јна Јунајтед, а сега сака да го доведе во својот нов клуб. „Црните мачки“ сакаат да го откупат, но тоа ќе оди многу тешко, па и позајмица доаѓа во предвид. Покрај него, Мојс размислува како да ја пополни и последната дефанзивна линија, па ќе видеме кој ќе избере во следните неколку денови.

Трансфер периодот трае до 1 септември, па Мојс ќе има време добро да размисли околу потенцијалните засилувања со цел екипата да избегне испаѓање од лигата, што е нивна основна цел во предстоечката сезона.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com