HomeДЕНЕШНАСвет„Мојата борба“ на Хитлер бесплатно се дели во Италија, Евреите бесни

„Мојата борба“ на Хитлер бесплатно се дели во Италија, Евреите бесни

Автобиографската книга „Мојата борба“ која Хитлер ја пишувал додека бил воен заробеник за време на Првата светска војна станува една од најпопуларните книги во Европа што е знак дека национал-социјализмот се враќа во „мода“.

Италијанскиот дневен весник во сопственост на Силвио Берлускони „Il Giornale“ подели и бесплатни копии од книгата, надополнети со белешки од историчари со цел да се посочат грешките од минатото и да не се повторат. Овој потег ги навреди еврејските здруженија во Италија кои го осудија бесплатното делење на книгата „Мојата борба“ и предупредија на опасноста од враќање на омразата.

Издигнувањето на екстремните десничарски партии кои имаат се поголема популарност секако не може единствено да се препише на пропагандистичката литература на Хитлер и наместо цезура треба да се развие дебата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com