HomeДЕНЕШНАПолитикаМОСТ на увид на финансиската полиција, притисок или редовен процес

МОСТ на увид на финансиската полиција, притисок или редовен процес

Дарко Алексовски, претседателот на невладината организација МОСТ, соопшти дека имале состанок со инспектори на финансиска полиција кои побарале подготовка и достава на нивната целосна документација.

„Во понеделникот имавме состанок со Финансиската полиција на кој разговаравме со инспекторите. Коректно и прецизно ни побараа да ја подготвиме нашата документација и ни дадоа неколку дена за да ја доставиме. МОСТ работи во согласност со законските прописи и ги почитува законите на Македонија, изјави Алексов“.

Ваквиот чекор пред изборите може да се сфати како вообичаен и да не се политизира, но барем засега има настојувања на дел од медиумите веднаш да шпекулираат дека невладината која го набљудува изборниот процес и е критички настроена кон власта дека се соочува со институционален притисок.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com