HomeРЕФЛЕКТОРФилмМориконе одбележува 60 години работа во филмската индустрија

Мориконе одбележува 60 години работа во филмската индустрија

Наградуваниот со Оскар италијански композитор Енио Мориконе изјави дека се опоравил и дека е подготвен да ја продолжи турнејата со која ќе одбележи 60 години работа во филмската индустрија. Мориконе на почетокот на мај откажа концерти во римската Национална академија „Санта Цецилија“ поради проблеми со рбетот. Тој истакна дека и после толку години искуство повторно чувствува трема пред да излезе на сцената и да започне да диригира.

„Понекогаш се чувствувам многу нервозно и покрај добрата воља, понекогаш се случуваат незгоди. Мориконе оваа година доби Оскар за најдобра филмска музика за остварувањето „The Hateful Eight“ на режисерот Квентин Тарантино. „Не ги опишувам сликите со својата музика. Кога е во прашање значаен филм, клучно е музиката да го раскаже она што не можете да го видите“, истакна Мориконе.

Познатиот италијански композитор, автор на повеќе од 500 композиции за филм, во 2007 година доби и почесен Оскар за животно дело.

Мориконе

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com