HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМонтоливо: Оваа победа беше за Михајловиќ

Монтоливо: Оваа победа беше за Михајловиќ

Foto: Getty images

Капитенот на Милан Рикардо Монтоливо ја посвети победата на неговиот тим над Сампдорија од 1:0 на отпуштениот тренер Синиша Михајловиќ. Српскиот тренер доби отказ минатиот понеделник, после поразот од Јувентус на свој терен со 1:2, а Милан славеше на дебито на новиот тренер Кристијан Броки.

„Можевте да видите нешто од она што Броки го бараше од нас, но во оваа победа имаше и многу од Синиша Михајловиќ. Се надевам дека ќе продолжиме вака“, изјави Монтоливо. Милан славеше после серија од пет натпревари без победа, но и понатаму има седум поени помалку од местото кое води во Лига Европа и дури 13 поени од позицијата која води во Лигата на шампионите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com