HomeДЕНЕШНАРегионМомче од Грција херојски загинало бранејќи ја сестра си во Минхен

Момче од Грција херојски загинало бранејќи ја сестра си во Минхен

Грчкиот државјанин, кој бил убиен за време на пукањето во трговски центар “Олимпија” во Минхен се жртвувал за да ја спаси сестра си, пишува британскиот “Телеграф”. Младиот Грк бил застрелан два пати пред ресторан за брза храна. Тој застанал пред  сестра си , за да ја спаси, додека 18-годишниот Али Давид Сонболи пукал неселективно. Британскиот весник го нарекува Грк херој заради саможртвата за сестра му.

pretres Minhen

Момчето имало 18 години, а во Германија емигрирало заедно со својата сестра. Во фаталниот ден двајцата отишле во трговскиот центар, за да купат подароци за своите блиски во Грција пред да се вратат во својата татковина за летните одмори. Откако дознал  за трагичната вест за смртта на момчето, татко му добил инфаркт и бил пренесен во болница. Информациите за загинатиот Грк беше потврдена и од Министерството за надворешни работи

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com