HomeДЕНЕШНАРегионМолотов коктел врз кабинетот на Јахјага

Молотов коктел врз кабинетот на Јахјага

Врз кабинетот на косовската претседателка, Атифете Јахјага денеска е изведен напад со Молотов коктел, информираа медиумите во Приштина. Полицијата го потврди нападот. Нападот е извршен околу 4 часот утринава и во него учествувале неколкумина маскирани лица, кои потоа избегале од местото со автомобил.

Тие прво врз кабинетот фрлиле камења, со кои го искршиле стаклото од прозорецот на кабинетот, а потоа се обиделе внатре да фрлат шише со Молотов коктел. Шишето попаднало на ѕидот, врз кој останале траги од огнот, информира полицијата, која под итно на местотот на инцидентот испрати патроли и дополнителни полициски единици. Во нападот нема повредени.

Почната е интензивна истрага, информира уште полицијата. Кабинетот на косовскиот претседател се наоѓа на првиот кат од зградата на косовскиот Парламент, што е под постојан мониторинг на полицијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com