HomeРЕФЛЕКТОРТеатарМНТ ве води на виртуелна прошетка на музејските изложби

МНТ ве води на виртуелна прошетка на музејските изложби

МНТ е првата културна институција која воведува виртуелни прошетки за секој посетител на интернет, а почетокот коинцидира и со одбележувањето на 71 годишнината од првата одиграна театарска претстава.
Воведниот концепт е насловен Виртуелна прошетка низ постоечката Уметничка збирка на Музејот. Тој претставува прв применет виртуелен (дигитален) 360о модел на експонирање од една музејска поставка во Македонија, со што е овозможено интерактивна посета на публиката од секоја точка на светот. Прошетката ќе биде достапна за публиката на следниот линк. Овој модел на експонирање ќе биде воспоставен како стандард за сите следни изложби во продукција на Музејот на МНТ, вклучувајки ја и актуелната Исчекор кон сонцето.

Изложбениот концепт е театролошка изложба под наслов Исчекор кон сонцето, која е четврто претставување на продукцијата на Музејот на МНТ почнувајки од 2013 година. Акцентот на музеолошката поставка е ставен на десетте претстави одиграни во првата сезона 1945/46, во кои го вградиле својот ентузијазам и жар десетици актери, режисери, сценографи, костимографи и други театарски работници – основоположници на МНТ.

Изложени се оригинални документи, лични предмети, фотографии, драмски текстови, костимографски и сценографски скици, и реквизити кои биле дел од театарските претстави на МНТ. На тој начин се продолжува со претставување на највредните оригинални документи и предмети, од збирките во сопственост на Музејот на МНТ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com