HomeДЕНЕШНАРепубликаМНР засега нема информации за загинати македонци во Ница

МНР засега нема информации за загинати македонци во Ница

Министерството за надворешни работи известува дека засега нема информации за повредени или загинати македонски државјани во терористичкиот напад кој се случи вчера во Ница, Франција. Во постојан контакт сме со надлежните француски институции, посочуваат од Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Воедно од МНР на РМ изразуваат длабоко сочувство до семејствата на сите загинати и повредени во терористичките напади во Ница, како и најостра осуда на овие напади во кои животот го загубија над 80 граѓани, а неколку десетици се повредени.

За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Франција, од МНР упатуваат на Македонската амбасада во Париз.

Телефони: +331 45 77 89 63; +331 45 77 10 50; +331 45 77 10 73

Мобилeн телефон: +33 670 45 16 58

Адреса: 5, rue de la Faisanderie, 75116 Paris

Е-пошта: paris@mfa.gov.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com