HomeДЕНЕШНАРепубликаМНР будно ја следи состојбата на Македонците во Турција, еве ги нивните препораки

МНР будно ја следи состојбата на Македонците во Турција, еве ги нивните препораки

Министерството за надворешни работи соопштува дека стои на располагање на сите македонски граѓани кои се наоѓаат во Турција и постојано се координираат со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и Генералениот конзулат во Истанбул.

– Ги известуваме сите македонски граѓани кои се наоѓаат во овој момент во Турција да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации, соопшти МНР.

За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Турција, се посочува во соопштението, молиме да се обратите на отворените телефони во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Анкара и Истанбул или во Министерството за надворешни работи.

Амбасада на Република Македонија во Анкара

Мобилни телефони: +905383130343; +905385466691
Телефон: + 903 12 439 92 08
Е-пошта: ankara@mfa.gov.mk
Адреса: Karaca sokak 24/5-6 Gaziosmanpasha Ankara

Генерален конзулат на Република Македонија во Истанбул

Мобилен телефон: +90 535 545 80 41
Телефони: T: + 90 212 249 99 77; + 90 212 251 22 33
Е-пошта: istanbul@mfa.gov.mk
Адреса: Inönü Cad., Üçler Apt. No: 12 D 4, Gümüşsuyu, Taksim, İstanbul

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com