HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМладите македонски фудбалери ја добија Северна Ирска, Македонија е лидер во групата!

Младите македонски фудбалери ја добија Северна Ирска, Македонија е лидер во групата!

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година оствари значајна победа над Северна Ирска и ги зачува шансите за пласман на Европското првенство. Македонија ја совлада Северна Ирска со 2:0 во претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП 2017 година.

На натпреварот кој се одигра на арената „Филип Втори’’ во Скопје, нашата селекција поведе со 1:0 во 36-тата минута, кога по уфрлувањето на Даниел Аврамовски, лошо интервенираше гостинскиот фудбалер Џош Доерти кој си постигна автогол. До вториот гол се чекаше се до 85-тата минута кога Кире Марковски ја затресе мрежата на Северна Ирска, поставувајќи ги конечните 2:0.

Ова беше натпревар од групата 3, во која Украина убедливо со 4:0 ја победи Шкотска, додека Франција со 1:0 славеше над Исланд. Сега нашата репрезентација е на водечката позиција на табелата со 18 освоени бодови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com