HomeДЕНЕШНАСкопјеПроект кој ги засега проблемите на младите во Македонија

Проект кој ги засега проблемите на младите во Македонија

Во рамки на проектот Уметност и дизајн 30 млади луѓе преку графити, стенсили, постери, стикери, фотографии ќе испратат порака до јавноста за  проблеми и прашања што ја засегаат младата популација во земјата. „Сакам да живеам со вас, не покрај васˮ, „Боли и на сопствена кожаˮ, „Кога ќе пораснам сакам да останам во Македонијаˮ- ова се само дел од 12 јавни кампањи во  рамките  на овој проект. Проектот го спроведува Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа, Скопје, со финансиска поддршка од Амбасадата на САД во Република Македонија. Партнер во проектот е општина Центар, која ќе овозможи јавни површини низ центарот на Скопје на кои ќе се пресликаат сите јавни кампањи.

Во тек е втората работилница од проектот на која учесниците смислуваат кои уметнички и дизајнерски техники ќе ги изберат за да ги претстават нивните кампањи пред јавноста. Таа почна на четврти април и трае до седми април. Се одржува во Канцеларијата за млади на општина Центар. Со нив работат илустраторот и дизајнер Горан Костовски Индог, стрип илустраторот Игор Јовчевски и теоретичар на стрип уметноста, Бошко Караџов.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com