HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМисијата успешна, Јунајтед добива засилување?

Мисијата успешна, Јунајтед добива засилување?

После позитивниот исход од квалификациите, преговорите добиле „зелено светло“! Според информациите кои доаѓаат од Англија Јунајтед не се откажал од десниот бек на Монако, Фабињо. Бразилецот кој Мурињо своевремено го доведе во Реал беше дел од тимот на Монако во победата против Виљареал. Монако е подгтовен после пласманот во Лигата на шампионите да продолжи со преговорите, а цената на десниот бек е околу 25 милиони евра.

Неговата сопруга започнала да ги следи Манчестер Јунајтед на Фејсбук, што секако отвори бројни шпекулации около негов трансфер на „Олд Трафорд“. Мурињо во првите неколку натпревари на десната бековска позиција му даде шанса на Валенсија кој одлично се покажа, но Португалецот сака некој на кој оваа позиција му е природна.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com