HomeДЕНЕШНАРепубликаМироточи икона во црква во Трубарево, се чека официјален став на МПЦ

Мироточи икона во црква во Трубарево, се чека официјален став на МПЦ

bogorodica eden

На новите фотографии се гледаат капки роса на лицето на „Пресвета Богородица“, кои и покрај тоа што неколкупати биле отстранувани со памук, тие во текот на целиот ден повторно се појавуваат. Првичните анализи, што ги направиле теолози на МПЦ на иконата на „Пресвета Богородица“ во црквата во Трубарево покажуваат дека станува збор на мироточење, дознава „Религија.мк“.

bogorodica2

Откако вчера веднаш по утринска литургија, присутните забележале капки налик на вода на самата икона, а по извесно време целата икона била оросена, свештеници и теолози на МПЦ кои извршиле анализи на иконата, првично потврдиле дека станува збор за „мироточење на иконата“, процес кој во црквата се нарекува чудо и кој не е непознат и често се случува во црквите.

bogorodica3

Црквата која беше затворена се додека не беа направени првичните анализи, сега е отворена, но само за верниците. МПЦ не дозволува снимање и фотографирање на иконата. Иако иконата ја анализирале лица од кабинетот на Архиепископот г.г. Стефан сепак се чека и негова посета на црквата, по што МПЦ ќе излезе и со официјален став.

Фотографиите се преземени од социјалните мрежи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com