HomeДЕНЕШНАСветМировните преговори во Женева напуштени од страна на сириската опозиција

Мировните преговори во Женева напуштени од страна на сириската опозиција

Западен дипломат изјави дека сите членови на делегацијата на сириската опозиција до денес ќе ги напуштат мировните преговори во Женева.

Заминувањето од Женева е тажно и оти тоа ќе биде грешка, како и дека тешко ќе биде делегацијата да се врати поради ситуацијата на теренот.

Неименуваниот дипломат посочи дека се уште се прават обиди да се убедат опозициските делегати да останат во Женева, но мали се шансите тоа да се случи.

Високиот комитет за преговори, кој е поддржан од западните држави, Турција и клучните арапски држави, како Саудиска Арабија, во понеделникот го прекина учеството во мировниот процес, но се согласи да преговара за технички прашања надвор од зградата на Обединети нации.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com