HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМилан му се заблагодари на Михајловиќ, Броки промовиран како нов тренер

Милан му се заблагодари на Михајловиќ, Броки промовиран како нов тренер

Getty Images

Фудбалскиот клуб Милан му се заблагодари на Синиша Михајловиќ за она што го направи за клубот од Милано за време на сезоната која ја помина таму. „Михајловиќ ја има нашата целосна благодарност за работата и посветеноста во текот на оваа сезона“, стои во соопштението на официјалниот сајт на Милан. Милан денес официјално го отпушти спрскиот тренер Синиша Михајловиќ, а како нов тренер беше промовиран Кристијан Броки.

Броки е поранешна играчка легенда на Милан, каде помина многу години и успеа да освои Лига на Шампиони, Скудето, Суперкупот во Италија, Европа, како и светското клупското првенство. Милан моментално се наоѓа на шестата позиција на табелата во Италија со освоени 49 поени, седум помалку од местото кое води директно во европските натпреварувања, на шест кола пред завршувањето на сезоната.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com