HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМилан – како да се потрошат 400 милиони?!

Милан – како да се потрошат 400 милиони?!

Новиот тим на Милан ќе биде направен во следните два летни трансфер периоди. Вложувањата започнуваат веднаш, а кого Галијани има на ум ќе видиме во следните два месеци. Галијани вчера беше виден во Загреб, но тоа е само почеток. Адријано Галијани и после доаѓањето на Кинезите ќе биде главниот кој ќе ги врши трасферите во Милан. Тој ќе биде прв оперативец во наредните две сезони, период кој Берлускони ќе ги задржи малиот дел од акциите во клубот.

Синоќе Галијани беше забележан во Загреб го договара трансферок на Пјаца, кој го одби Наполи и чека понуда од Милан или Јувентус. Тоа е само почеток, Милан го посакува Габијадини од Наполи, би го продале Бака и ќе го доведат Италијанецот чини околу 25 милиони евра. Ќе се обидат да го вратат и Ковачиќ во Италија, а веројатно уште еден напаѓач ќе стигне на „Сан Сиро“.

Идејата е Паволети или Заза, но тешко дека Јувентус ќе го пушти својот напаѓач во Милан. Се бара и дефанзивец, партнер за Ромањоли, а Милан го посакува и Арбелоа од Реал, иако Де Шиљо би требало да остане. Како и да е останува да видиме што ќе направи Милан во овој трансфер период. Помалку од 100 милиони Милан нема да потроши во овој летен трансфер период, а ќе видиме кој се ќе биде донесен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com