HomeДЕНЕШНАСветМигрантите најдоа нов пат до Германија, преку Швајцарија

Мигрантите најдоа нов пат до Германија, преку Швајцарија

Германската сојузна полиција забележала остар пораст на влегување на бегалци во Германија преку границата со Швајцарија, соопштија вчера германските власти.

„Во јули од Швајцарија во Германија илегално влегле 1.008 луѓе, а во јуни 1.065 што е значителен пораст во однос на мај и април годинава кога се забележани 464 односно 293 илегални минувања на границата“, изјави портпаролката на Сојузната полиција во Штутгарт.

За споредба, во текот на целата мината 2015 година од Швајцарија во Германија илегално минале 2.355 лица. Најголем дел од илегалните минувања на швајцарско-германската граница се однесуваат на државјани на Еритреја, Гамбија и Етиопија, така што германските власти сметаат дека станува збор кои доаѓаат преки ткн Средоземна бегалска рута.

„Многумина зелената граница ја минуваат со помош на криумчари но и со упатства за тоа како од југот на Италија да се стаса до Германија преку Швајцарија кои можат да се најдат и на социјалните мрежи“, појаснија од германската Сојузна полиција во чијашто надлежност е обезбедувањето на државните граници.

Швајцарија е дел од Шенгенскиот систем, така што на нејзините граници кон соседните земји членки на Европската унија нема контрола.

До Германија од Италија може да се стаса и преку Австрија, но оваа земја ги зајакна контролите на своите јужни гранични премини, така што многу имигранти и бегалци се одлучуваат за рутата преку Швајцарија којашто засега е многу помалку контролирана.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com