HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаМЗТ ја одбрани шампионската титула во празна сала по интервенција на ЕБР

МЗТ ја одбрани шампионската титула во празна сала по интервенција на ЕБР

Кошаркарите на МЗТ Скопје на гостински терен стигнаа до нов трофеј во домашното кошаркарско првенство. Во четвртиот финален дуел, МЗТ Скопје по вистинска драма извојува тесна победа од 88-90 против екипата на Куманово. Инцидентите не изостанаа, а тоа резултираше со растерување на гледачите од страна на ЕБР.

Oвој пат во главната улога беше Трајковски кој незадоволен од судиската одлука бурно реагираше. Тоа предизвика и бурна реакција од домашната публика која започна да фрла со тврди предмети во теренот. По овој инцидент, кошаркарите на МЗТ Скопје заедно со стручниот штаб, судиската тројка и делегатот одлучија да го напуштат теренот. Натпреварот беше прекинат нешто повеќе од половина час, а продолжи откако ЕБР ги испразни трибините.

Видео од растерувањето сподели кумановскиот портал Кумановскимуабети.мк

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com